понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Еве како децата преживеале 9 дена во пештера: Тренерот ги учел да медитираат и им ја дал целата своја храна (ФОТО)

Еве како децата преживеале 9 дена во пештера: Тренерот ги учел да медитираат и им ја дал целата своја храна (ФОТО)

Спасувачите кои ги пронашле децата и тренерот соопштиле дека Екапол Чантавонг, 25 годишниот тренер бил меѓу најслабите, затоа што целата храна им ја давал на децата и така им помогнал да преживеат, како и дека ги учел да медитираат.

Чантавонг, кој сакал да биде монах, пред 3 години го напуштил животот во монаштвото и станал тренер на децата.

Тој како што се наведува, ги учел да медитираат и да чуваат што повеќе енергија додека не ги пронајдат.

-Да не одел со нив, што би му се случило на моето дете?, кажа една од мајките на едно од децата во пештерата.

-Кога ќе излезе, мораме да го излечиме неговото срце. Драг Ек, никогаш не би те кривела.

Во на рака пишаното писмо, тој се извинил на родителите на децата, кои рекле дека не го криват.