петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Еве кои привилегии ги добива новиот британски Крал

Еве кои привилегии ги добива новиот британски Крал

На новиот крал Чарлс III. нема да му треба ниту пасош ниту возачка дозвола, но затоа ќе ги добие во сопственост на сите лебеди и есетри на територијата на Обединетото Кралство, една од малку невообичаените привилегии што ги ужива британскиот суверен.

Кралот патува без документи за идентификација. За разлика од другите членови на кралското семејство, нему не му треба ниту пасош бидејќи тој документ на граѓаните им се издава од негово име.

Од истите причини и шефот на британската монархија е привилегиран во управувањето со возила и е единствениот државјанин на таа земја кој нема возачка дозвола.

Кралот никогаш не го дава својот глас на гласачките места: тој мора да биде целосно неутрален во политиката. Затоа, тој не може ниту да гласа, ниту да се кандидира на избори.

Од друга страна, монархот е тој што ги отвора свикувањата на парламентот и го потврдува премиерот со кој редовно разговара.

Мајката на новиот крал Елизабета Втора двапати годишно ги дувала свеќите на роденденската торта: првиот пат на роденденот на 21 април во кругот на семејството, а вториот пат на официјалната прослава што традиционално се одржува во втората сабота во јуни, што не е случајно, бидејќи прославата е поместена речиси на почетокот на летото, во обид да се избегнат несреќите од непредвидливите временски услови во Британија.

Двојната прослава на роденденот не е ништо невообичаено во кралското семејство: прославите обично се организираат на друг ден од вистинскиот датум на раѓање, особено кога не е лето, а таков е случајот со новиот крал Чарлс III. кој е роден на 14 ноември 1948 година.

Кралот не владее само со Британците. Веќе неколку векови, лебедите низ неговата татковина всушност се сопственост на британскиот монарх. Секоја година стручните служби внимателно ги бројат лебедите на Темза, а тоа е традиција која ќе биде заштитена.

Британскиот монарх поседува и риби есетри, делфини и китови во водите околу Обединетото Кралство.

Кралот има и свој поет. На секои десет години оваа чест да се биде кралски поет му се доделува на поет, а монархот го наградува со буре шери.

Така, во 2019 година, Сајмон Армитаж, кој сега има 59 години, беше прогласен за „поет лауреат“. Тој ја наследи Керол Ен Дафи (66 години), првата жена што ја доби титулата од почетокот на традицијата која датира од 17 век, на таа почесна позиција. Дафи напишала песна за свадбата на принцот Вилијам во 2011 година, потоа за 60 години од владеењето на кралицата во 2013 година и за свадбата на принцот Хари и Меган во 2018 година.

Тоа е чест, но и исклучителен маркетиншки профит во кој уживаат, на пример, францускиот шампањ и безалкохолниот пијалок Schweppes и голем број мали британски занаетчии чии брендови имаат привилегија да го испечатат кралскиот грб на нивните производи.

Burberry, Jaguar, Land Rover и Samsung се некои од познатите светски брендови кои исто така ја уживаат привилегијата на кралскиот печат.