Смртта на кралицата Елизабета Втора дојде толку ненадејно што остатокот од семејството не пристигна навреме во Балморал за да се збогува со својата сакана мајка и баба
Денеска беше откриено дека само принцот Чарлс и принцезата Ана, најстарите деца на кралицата, стигнале до замокот Балморал на време за да бидат со својата мајка пред таа да почине. Имено, Чарлс и Ана веќе биле во Шкотска кога ги известиле дека на кралицата Елизабета Втора нагло и се влошила здравствената состојба. Остатокот од семејството пристигна во нејзината летна резиденција во Шкотска дури кога таа почина.
Принцот Ендру, принцот Едвард, неговата сопруга Софи и принцот Вилијам вчера полетаа од Беркшир со приватен авион до Абердин, но додека патуваа до Балморал, кралицата повеќе не беше жива.
И принцот Хари, кој синоќа требаше да присуствува на добротворен настан со сопругата Меган во Лондон, исто така се обиде навреме да стигне до Балморал, но пристигна дури околу осум навечер, речиси час и половина откако јавност била информиран за смртта на кралицата.
Во Балморал пристигна сам, иако се шпекулираше дека Меган ќе биде со него, но се чини дека во таков интимен момент за семејството таа не беше добредојдена. Принцот Хари беше виден како го остава Балморал сам рано утринава, додека остатокот од семејството престојуваше во шкотскиот замок на кралицата.
А, кралскиот персонал вчера плачеше и се обидуваше да се помири со загубата на својата сакана газдарица.
Еден изјавил: “Колку и да се трудите да се подготвите за овој момент, оваа вест дојде како некој да ме удрил со цигла по глава. Таа е незаменлива, едноставно не можам да верувам дека нема да ја видиме повторно таа палава насмевка. Ние се во целосен шок“.
Смртта на кралицата Елизабета Втора предизвика инстант лавина од емоции низ Велика Британија и илјадници граѓани веднаш се упатија пред Бакингемската палата и другите кралски резиденции низ земјата со цвеќиња во рацете.
Во еден момент меѓу ожалостените одекна песната „God Save The Queen“, по што следеа извици „Да живее кралот“.
Затоа што животот продолжува и по седумдесет години Велика Британија повторно добива крал – Чарлс III.