Мелбурн доби највисоки оценки во неколку категории важни за условите за живот, како што се безбедноста, здравствената заштита, културата и слободните активности, како и инфраструктурата за теле-работа, пренесува CNBC.
Австралиската метропола е исто така само еден од 10-те градови на ранг-листата на Нестпик што нуди „дигитална номадска“ виза – специфичен документ што им овозможува на самовработените и странските работници да работат од дома во таа земја.
Дубаи е на второто место на оваа ранг-листа, Сиднеј е на третото, следен од Талин, Лондон, Токио, Сингапур, Глазгов, додека првите десет ги заокружуваат Монтреал и Берлин.