Таткото кој ноќеска си ги уби трите деца е Харалд Копиц, Австриец кој живеел и во Загреб, е во болница и е во стабилна состојба. Го чува полиција, јавуваат хрватските медиуми.
Хералд е од Виена, а живеел на релација Загреб – Виена. Во хрватската престолнина имал и компанија, иако во својата кариера работел како консултант и преговарач за повеќе големи компании. Главно се бавел со финансии.
Инаку, татко со голи раце си ги задавил трите деца – близнаци, момче и девојче на 7-годишна возраст, и уште едно синче на 4-годишна возраст. Се се случило во нивниот луксузен стан, а откако таткото ги задавил децата се обидел да се самоубие со труење.
Полицијата за можниот обид за самоубиство ја информирал негов пријател, кој ја видел пораката на фејсбук во која тој се збогувал со сите. Кога полицијата стигнала во станот, го нашла Копиц и трите мртви деца.