Евреите од денеска до понеделник, 6 декември, го слават празникот Ханука.
Со овој празник се одбележува настан од 164 п.н.е. кога, по три години прогонство и борби, Ерусалимскиот храм бил повторно посветен.
Со овој настан е поврзана легендата за светилка која продолжила да гори во Храмот, иако немало доволно масло за тоа, па Ханука се нарекува и Празник на светлината.
Секоја година во текот на неделата на Ханука, Евреите палат специјални деветкраки свеќници „ханукии“ со палење по една светилка од тој свеќник секоја вечер. (МИА)