понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Евроатом: Нема ризик за европските нуклеарки ако Нигер го намали извозот на ураниум

Евроатом: Нема ризик за европските нуклеарки ако Нигер го намали извозот на ураниум

Нуклеарната агенција на Европската унија, Еуроатом, денеска соопшти дека нема непосреден ризик за производството на нуклеарна енергија во Европа, во случај Нигер да ја намали испораката на ураниум.

„Доколку се намали увозот од Нигер, нема непосредни ризици за безбедноста на производството на нуклеарна енергија во краток рок“, соопштија од Еуроатом.

Минатата година, како што се посочува, Нигер бил вториот најголем снабдувач на природен ураниум во ЕУ и дека испорачал нешто повеќе од една четвртина од залихите за целата Унија, односно 2.975 тони природен ураниум.

Од Агенцијата додаваат дека компаниите во ЕУ имаат доволно резерви на ураниум за напојување на нуклеарните реактори во следните три години.

Од Владата на Франција, водечкиот производител на нуклеарна енергија во Европа, соопштено е дека ќе ги евакуираат француските и европските граѓани од Нигер, откако минатата недела во таа земја се случи воен удар.

Покрај Нигер, најголем снабдувач на ЕУ со ураниум минатата година беше Казахстан, а на третото место е Канада.