Белорускиот претседател Александар Лукашенко им наредил на белоруските специјалисти да обезбедат испорака на електрична енергија во нуклеарната централа Чернобил во Украина, јави денеска агенцијата БЕЛТА.
Лукашенко го информирал Министерството за одбрана дека белоруската армија мора да спречи каков било напад врз руските војници одзади.
Украина вчера објави дека постои опасност од истекување на радијација во Чернобил по исклучувањето на електраната, но надлежната агенција на ОН соопшти дека „нема критична опасност за безбедноста“.
Русија ги обвини украинските сили за напад на далноводи и трафостаница на нуклеарната централа.