сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Европол: Прекинат синџир на криумчари на луѓе, 5000 Кубанци поминувале преку илегални патишта низ Македонија

Европол: Прекинат синџир на криумчари на луѓе, 5000 Кубанци поминувале преку илегални патишта низ Македонија

Полицијата на пет европски земји го прекина синџирот на шверцери на луѓе кои префрлиле 5.000 кубански мигранти во Европа, преку Србија и Грција. Како што наведува Европол во денешното соопштение, крајната дестинација на тие луѓе била Шпанија.

Шверцерите го искористија фактот дека на кубанските граѓани не им е потребна виза за Србија. Уапсени се 62 осомничени. Истрагата откри обемна криминална мрежа која до апсењето оперирала во Србија, Шпанија и Грција.

Кај осомничените била пронајдена поголема количина фалсификувани документи што ги користеле мигрантите. Тие влегле легално во Србија, а потоа шверцерите ги префрлиле во Грција, а потоа во Шпанија преку илегални патишта низ Северна Македонија.