петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Европол спроведува акција против онлајн поттикнувачи на насилство

Европол спроведува акција против онлајн поттикнувачи на насилство

Европската полиција Европол раководи со координирана меѓународна акција за апсење во седум европски земји на осомничени за говор на омраза преку интернет платформи и поттикнување на насилство.

Европол и германското обвинителство објавија дека германската полиција извршила рација и претреси во 83 станови и запленила докази како телефони и лаптопи, како и дека во германското обвинителство биле сослушани 96 осомничени за објавување содржини што изразуваат и поттикнуваат омраза.

Во заедничката акција координирана од Европол учествуваат полициите на Германија, Италија, Франција, Грција, Норвешка, Велика Британија и Чешка.