четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Европски суд: Членовите на „Пуси рајот“ ја добија Русија на суд

Европски суд: Членовите на „Пуси рајот“ ја добија Русија на суд

Европскиот суд за човечки права пресуди дека Русија ги нарушила правата на панк бендот Пуси рајот, за време на протестот во храмот Христос Спасителот во Москва во 2012. година.

Пресудата и наложува на Русија на членовите на бендот да им исплати повеќе од 49.000 евра.

Демонстрантките два пати влегоа во црквата, извлекоа музички инструменти и на кратко изведоа песна со пцовк, што беше протест против поддршката на поглаварот на Руската православна црква на Путин.

Подоцна беа обвинети за хулиганство и осудени на две години затвор.

Пуси рајот, кои користат шокантни перформанси за да привлечат внимание на она што го сметаат за репресија на рускиот претседател Владимир Путин, презеде и одговорност за нападот на четири демонстрантки на теренот за време на финалето на Светското првенство во фудбал во Москва.