понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Европскиот парламент ја одобри либерализацијата на визниот режим со Косово

Европскиот парламент ја одобри либерализацијата на визниот режим со Косово

Европскиот парламент денеска на пленарна седница во Стразбур ја одобри либерализацијата на визниот режим со Косово најдоцна од 1 јануари 2024 година.

Свеченото потпишување ќе се одржи утре, а на него, како што соопштија во Стразбур, ќе присуствува и вицепремиерот на Владата на Косово, Бесник Бислими.

Новите правила ќе им овозможат на сопственици на косовски пасоши да влезат во ЕУ без виза во период од 90 дена во кој било период од 180 дена, со што целиот регион на Западен Балкан ќе биде под ист визен режим како и ЕУ.