петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Европскиот парламент планира да ја прекине работата со Катар поради истрагата за корупција

Европскиот парламент планира да ја прекине работата со Катар поради истрагата за корупција

Европскиот парламент утре треба да гласа за тоа дали да прекине каква било работа со Катар, откако сега поранешната потпретседателка Ева Каили беше уапсена поради обвиненија за корупција, јави ДПА.

„Европскиот парламент … ја суспендира целата своја работа на законодавните досиеја во врска со Катар, особено во врска со визната либерализација и планираните посети, додека сомнежите за корупција не бидат потврдени или отфрлени“, се наведува во нацрт документот, до кој увид имала германската агенција.

Во текстот, додава ДПА, се бара и формирање на независно тело за етика.

Дополнително, на располагање треба да се стават повеќе персонал и пари за подобро следење и проверка на претставниците кои аплицираат или се дел од регистарот за лобирање на ЕУ, што, исто така, треба да се прошири и на претставници на трети земји, се додава во предлогот.

Нацрт документот, што се очекува да мине во ЕП, сè уште може да биде изменет пред да биде ставен на гласање.