среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Европскиот парламент со големо мнозинство го поддржа влезот на Хрватска во Шенген зоната

Европскиот парламент со големо мнозинство го поддржа влезот на Хрватска во Шенген зоната

Европскиот парламент на денешната пленарна седница со големо мнозинство го поддржа влезот на Хрватска во Шенген зоната, а сега е потребна одлука на Советот на Европската унија за конечна потврда.

Пратениците го изгласаа мислењето на Европскиот парламент за предлог-одлуката на Советот на ЕУ за прием на Хрватска во Шенген зоната. Гласаа 612 пратеници, од кои 534 беа за, 53 беа против, а 25 беа воздржани.

Во текстот се вели дека Хрватска ги исполнува сите критериуми за влез во Шенген зоната и нема пречки да стане полноправна членка на таа зона без контроли на внатрешните граници.

Со ова гласање заврши улогата на Европскиот парламент во процесот на влез на Хрватска во Шенген зоната.

Конечната одлука ќе ја донесат 22-те земји-членки на ЕУ, исто така членки на Шенген зоната, на состанокот на 9 декември.