петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Европскиот суд ја поддржа казната за „Гугл“ поради кршење на законот за заштита на конкуренцијата

Европскиот суд ја поддржа казната за „Гугл“ поради кршење на законот за заштита на конкуренцијата

Еден од врховните судови на Европската Унија -Европскиот суд на правадата, денеска ја поддржа казната од четири милијарди евра за компанијата „Гугл“ поради кршење на законот за заштита на конкуренција, донесена во 2018 година.

Европскиот суд на правдата делумно ја потврди одлуката на Европската комисија (ЕК) да го казни „Гугл“ со 4,34 милијарди евра поради нарушување на конкуренцијата со обезбедување доминација на андроид, определувајќи ја казната од 4,125 милијарди евра, што само е малку пониска во однос на предлогот на ЕК од 4,34 милијарди евра.