Курсот на еврото денеска повторно падна под прагот од 1,13 долари, објавија германските финансиски публикации.
Во меѓубанкарското тргување во Франкфурт утрово единствената европска валута се тргуваше за 1,1280 долари, откако во петокот навечер достигна 1,1331 долар.
Европската централна банка на крајот на минатата недела одреди референтна стапка на еврото од 1,1291 долар. (МИА)