сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФеД ја зголеми каматната стапка на највисоко ниво во изминатите 22 години

ФеД ја зголеми каматната стапка на највисоко ниво во изминатите 22 години

Берзанските индекси на Волстрит вчера не забележаа значителни промени откако американската Управа на федералните резерви (ФеД) очекувано ги зголеми трошоците за задолжување за уште четвртина процентен поен, на највисоко ниво од светската финансиска криза, т.е. во изминатите последните 22 години, но Дау Џонс (Dow Jones) ја постигна најдолгата позитивна серија од 1987 година.

Њујоршкиот Дау Џонс вчера порасна за 8,63 поени или 0,25 отсто, на 35.527 поени. Растот е забележан 13 ден по ред, со што е постигнат постигнувајќи го најдолгиот период на раст од 1987 година. Ако продолжи да расте и денеска, тоа ќе биде најдолгиот период на неговиот континуиран раст од далечната 1897 година, кога бележеше раст 14 трговски дена по ред. Во изминатите 13 дена од растот, индексот на Дау Џонс се зголеми за пет проценти.

Индексот на С&П 500 (S&P 500) стагнираше на 4.567 поени, додека индексот на Насдаг (Nasdaq) се намали за 0,12 отсто, на 14.128 поени.

ФеД вчера ја зголеми основната каматна стапка преку ноќ за 0,25 процентни поени, на опсег од 5,25-5,5 отсто, зголемувајќи ја 11 пати на изминатите 12 состаноци.

Претседателот на ФеД Џером Пауел на прес-конференцијата по седницата рече дека понатамошните одлуки за каматните стапки ќе се носат од состанок до состанок, внимателно следејќи ги макроекономските показатели, но исто така истакна дека е малку веројатно каматните стапки да се намалат до крајот на година.

Подоцна, Голдман Сакс испрати белешка до клиентите во која наведуваат дека соопштението од ФеД не е сигнал за забавување на темпото на зголемување на каматните стапки во иднина.