петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Фијала: Американска база во Чешка е убава, но нереална идеја

Фијала: Американска база во Чешка е убава, но нереална идеја

Одлуката на чешката министерка за одбрана, Јана Чернохова, кон средината на април во Вашингтон да ги почне преговорите за американското воено присуство и воена база во Чешка наиде на незаинтересираност на САД, а чешкиот премиер Петр Фијала денеска изјави дека владата тоа не го разгледува затоа што можеби е убава, но засега е нереална идеја.

-Тоа секако е убава тема. Се чувствувам добро кога ја слушам, но тоа е навистина само убава желба. Не е на дневен ред. Нема вистински разговори за тоа, изјави чешкиот премиер за онлајн дневниот весник Aktualne.cz.

Со оглед на масовното одбивање на Чешка меѓу 2007 и 2009 година во земјата да дозволи распоредување на барем радар оф американскиот противракетен штит, што беше проследено со масовни протести, затоа што Чесите по искуството од советската инвазија и окупација во 1968 година, веќе не сакаа странски бази на нивна територија, Фијала денеска призна дека тоа, сепак, е многу чувствително прашање.

Лидерот на најсилната опозициска партија АНО, поранешниот премиер Андреј Бабиш, се спротивстави на секоја американска база без референдум и нагласи дека тоа е непотребно.

-Не го поддржуваме тоа затоа што изгледа непотребно. НАТО во моментов формира одбранбени системи и заеднички сојузнички единици, таканаречени борбени групи, на источното крило. Зошто тогаш да отвориме некои бази во нашата земја кога учествуваме во формирањето на овие групи, рече Андреј.

Според Бабиш, присуството на американски војници во Чешка е премногу чувствителна тема за која би било неопходно да се распише референдум.

Според неофицијални извори на чешкиот весник „Право“, министерката Чернохова „се затрчала“ со најавата и ја изненадила американската администрација на претседателот Џозеф Бајден, која не размислува за никаква база во Чешка бидејќи користи две бази во Словачка, земја на граница со Украина.