Финска соопшти дека додека ја носи конечната одлука за влез во НАТО, се подготвува за можноста Русија да го прекине снабдувањето со гас.
Финската влада минатиот четврток соопшти дека нема да го исполни барањето на Москва гасот да се плаќа во рубљи. Ова може да доведе до прекини во снабдувањето како што се случи во Полска и Бугарија.
Финска следната недела би можела да објави дали има намера да влезе во НАТО, поради што Русија веќе и се закани.
– Финска е подготвена за можноста за запирање на испораките на гас од Русија, изјави финскиот министер за европски прашања Тити Тупураинен. (МИА)