вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Флорида се подготвува за бурата Алберто

Флорида се подготвува за бурата Алберто

Гувернерот на Флорида, Рик Скот денеска прогласи вонредна состојба во 67 окрузи во оваа американска сојузна држава, во пресрет на надоаѓањето на субтропската бура Алберто.

Во предупредувањето на властите им се препорачува на граѓаните многу сериозно да ја сфатат опасноста од бурата.

Директорот на Службата за вонредни состојби, Вес Мол изјави дека не може да се каже точното време кога субтропската бура ќе стигне до бреговите на Флорида, но дека последиците од неа ќе ги почувствува целата држава.

Според Мол, можно е бурата да донесе обилни дождови и да предизвика поплави и торнада.

Бурата Алберто, прва во оваа сезона во регионт, се движи низ Карипското Море и откако вчера мина меѓу Мексико и Куба, во текот на викендов се очекува да ја погоди Флорида.

Денеска во жариштето на бурата дуваат ветови со брзина од 65 килоемтри на час, но се очекува нивно засилување со приближувањето кон американскиот брег.

МИА