Кралското семејство денеска го придружуваше ковчегот на кралицата Елизабета Втора во Вестминстерската палата. По тој повод, принцовите Вилијам и Хари застанаа еден до друг.
Ковчегот со телото на кралицата ја напушти Бакингемската палата, придружуван од кралот Чарлс, неговите браќа Ендру и Едвард, сестрата Ана, како и синовите.
Ковчегот на кралицата ќе стои 4 дена во Вестминстерската палата каде милиони луѓе ќе дојдат да се простат од неа.
Еден од највпечатливите и најемотивните моменти од поворката е секако сликата на браќата Вилијам и Хари.
Вилијам и Хари уште еднаш ги оставија настрана несогласувањата и застанаа рамо до рамо додека ја придружуваа својата сакана баба до Парламентот.
Двајцата браќа чекореа рамо до рамо со тажни лица. Факт е дека оваа сцена ги враќа назад во времето по смртта на нивната мајка Дијана.
Нивните сопруги Меган и Кејт беа разделени, патувајќи во автомобилите позади.
Кејт седеше во автомобилот со кралицата Камила, додека Меган седеше со Софи, грофицата од Сасекс.
Тие две имаа и тажен израз на лицето додека стоеја една до друга во неколку наврати.
Се чини дека смртта на кралицата Елизабета успеа да го обедини кралското семејство.