понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Германска канцеларија за визи погодена во ракетните напади на Киев

ФОТО: Германска канцеларија за визи погодена во ракетните напади на Киев

Во новиот тежок напад на Киев погодено е и одделението за издавање визи на конзулатот на Германија.

Поранешниот шеф на Фондацијата Бел во Киев, Сергеј Сумлени објави фотографии на кои се гледаат последиците од ракетирањето.

-Зградата во која се наоѓа канцеларијата за визи на германската амбасада во Киев е погодена денес. Дали има некоја реакција од (германскиот канцелар) Олаф Шолц или Бербок (министерка за надворешни работи Аналена Бербок)? Сакате ли да испратите неколку Леопард тенкови на лице место за да ја погледнете состојбата, напиша тој на Твитер.