Шведската активистка за заштита на климата, Грета Тунберг, денеска соопшти дека се вратила на училиште по едногодишната пауза.
Тунберг на Фејсбук напиша дека завршила нејзината едногодишна пауза и дека е прекрасно чувството повторно да се биде на училиште.
Во јуни 2019 година, таа соопшти дека ќе го напушти училиштето за остатокот од 2019 година и 2020 година за да се посвети на климатските цели.
My gap year from school is over, and it feels so great to finally be back in school again! pic.twitter.com/EKDzzOnwaI
— Greta Thunberg (@GretaThunberg) August 24, 2020
Минатата недела во Берлин таа се сретна со германската канцеларка Ангела Меркел, во намерата да ја замоли да ја преземе водечката улога во глобалната борба против климатските промени.
-Таа има голема одговорност, но и одлична шанса да го преземе водството во борбата против климатските промени, рече Тунберг по средбата со германската канцеларка.
Тунберг во петокот во Берлин учествуваше на митингот посветен на заштитата на животната средина.