Речиси 40 лица се повредени во бурата која синоќа го погоди рускиот град Тјумен во Сибир, од кои шестмина се хоспитализирани, изјави портпаролката на регионалните здравствени власти Александра Малигина.
– Вкупно 39 лица побарале помош поради различни повреди, здобиени во бурата…Во болница се одведени шест лица, меѓу кои и 12-годишно девојче, кое претрпело потрес на мозок, прецизираше Малигина и дополни дека една од хоспитализираните жени е во критична здравствена сотојба.
За регионот на Тјумен вчера беше издадено преупредување за бура, каде во текот на ноќта дуваа ветрови со брзина о 26 метри во секунда, проследени со пороен дожд и град.
МИА