Објавена е последната фотографија од пакистанскиот милијардер и неговиот син пред да се качат на подморницата Титан, во која загинаа пет лица, објавија светските медиуми.
Шахзада Давуд (58) и неговиот 19-годишен син Сулејман беа фотографирани со насмевки ја лицето пред да влезат во подморницата на патувањето од 250.000 долари по човек, во кое покрај нив загинаа уште тројца.
Фотографијата е објавена откако сопругата Кристин Давуд откри како таткото и синот последните моменти пред Тиран да имплодира ги поминале слушајќи ја нивната омилена музика во целосна темнина за да заштедат енергија додека ги набљудувале биолуминисцентните суштества во длабочините.
Давуд опишала како таа и нејзината ќерка Алина (17) биле на матичниот брод на подморницата и дека им мавтале на таткото и синот пред да заминат во авантурата.