недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Откриена првата жртва во Ел Пасо- мајка на три деца убиена додека си го спасувала бебето

ФОТО: Откриена првата жртва во Ел Пасо- мајка на три деца убиена додека си го спасувала бебето

Меѓу 20 убиени во масовното пукање во американскиот град Ел Пасо е и 25-годишната Џордан Анчондо, која настрадала додека го штитела своето 2-месечно бебе, јавуваат американските медиуми. Обвинителите бараат смртна казна за убиецот Патрик Крусијус кој беше уапсен после извршеното злосторство.

Анчондо, инаку мајка на 3 деца, е првата идентификувана жртва на масакрот во трговскиот центар во Ел Пасо. Нејзината смрт ја поврдила нејзината 19-годишна сестра Лета Џамровски.

Според тоа што го кажала сестра ѝ, Анчонда настрадала додека купувала училишен прибор за едно од своите постари деца.

-Врз основа на повредите кои ги претрпело бебето, ни рекоа дека Џордан најверојатно се обидела да го заштити своето бебе. Кога била застрелана, го држела бебето во раце, а потоа паднала врз него, поради што на детето му се скршени неколку коски. Бебето е живо, затоа што та го дала својот живот да го заштити“, рекла Лета за американските медиуми.

Засега не се знае како завршил сопругот на Џордан, Анре, кој исто така бил во трговскиот центар, но после масакрот не се јавил.

-Ни рекоа дека ако е жив, веројатно би не контактирал – рекла Лета.