Најмалку 35 лица загинаа откако вчера надвозник се сруши во близина на Џенова во Италија.
Меѓу загинатите се Роберто Робиано (44), неговата сопруга Ерсилиа Пичинино (41) и нивниот син Самуел кој тргнале на одмор во Сардинија.
Полицијата, по тргаедијата го пронашла нивниот автомобил под рушевините. За време на пребарувањето, најдени биле чадор и ќебе, како и телефон кој останал во возилото, а кој заѕвонил додека екипите го пребарувале местото. На екранот пишувало „мама“. Од другата страна на телефонската линија била бабата која сакала да се слушне со својата ќерка.
Никој од официјални лица не можел да се јави.
Само неколку метри подалеку од уништениот автомобил лежеле три тела- таткото, мајката и синот.