среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: По веста дека Лавров е хоспитализиран се огласи и руското министерство за надворешни работи

ФОТО: По веста дека Лавров е хоспитализиран се огласи и руското министерство за надворешни работи

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, денеска на социјалните мрежи демантираше дека шефот на руската дипломатија е хоспитализиран на Бали.

АП, повикувајќи се на неименувани дипломатски извори, објави дека на Лавров му била укажана лекарска помош поради проблем со срцето.

Набрзо и Министерството за надворешни работи на Русија соопшти и демантираше дека првиот човек на ова министерство е хоспитализиран.

Захарова напиша дека седела со Лавров и дека не верува во тоа што го чита во медиумите.

– Сергеј и јас ги читаме вестите во Индонезија и не можеме да им веруваме на нашите очи: излегува дека е хоспитализиран. Ова е, се разбира, лага, напиша Захарова на нејзиниот канал Телеграм.