Во капелата на замокот Виндзор во тек е погребот на принцот Филип, кој самиот го испланирал до најситни детали.
Кралицата Елизабета Втора ќе се збогува со својот сопруг, со кого помина 73 години, во тесен круг на роднини, и во согласност со сегашните епидемиолошки мерки во Велика Британија.
Принцот Филип почина на 99-годишна возраст во замокот Виндзор, по краток период на лошо здравје, поради што мораше да биде хоспитализиран неколку недели.
Во шест часот наутро, ковчегот со телото на принцот беше преместен од приватната капела во салата, од каде започна поворката. Луѓето, кои не учествуваат во поворката, заминаа кон капелата нешто по девет часот.
Телото на принцот беше положено на автомобил што тој самиот го дизајнирал и беше пренесено на местото за почивање.
Капелата Свети Ѓорѓи е местото каде што се собираат учесниците на поворката, меѓу кои принцовите Чарлс, Вилијам и Хари, кој дојде без неговата сопруга Меган Маркл.
Меѓу членовите на семејството и гостите кои не учествуваат во поворката се војвотката од Корнвол, Камила, принцезата Јуџини, Кејт и Зара и други членови на кралското семејство.
Поворката стигна до капелата во 9.53 часот, каде што во 10 часот се одржа национално едноминутно молчење.
Архиепископот од Кантербери ќе ја води службата, а гостите, вкупно 30, ќе седат со почит на оддалеченост од два метра, со маски.
Хор од само четири члена ќе ги пее делата избрани од војводата од Единбург.
На крајот на службата, телото на принцот ќе биде сместено во кралската крипта во капелата.
На ковчегот на принцот е положен неговиот личен грб, морнарска капа, меч и венец со цвеќиња.