Најмалку 35 луѓе загинаа, а 45 се повреди во пожар кој избувал во црква во египетскиот град Гиза, јавува Ројтерс.
До пожарот најверојатно дошло поради неисправна инсталација, а се случи во момент кога околу 5.000 верници се наоѓале на миса. По избувнувањето настанало човечко стампедо.
Повредените лица се хоспитализирани. Пожарот се уште не е изгаснат.
Надлежните информираат дека сите екипи се мобилизирани.
🔴📸 #Egypt: 35 killed, 45 injured in #Giza church fire.
Electrical fire broke out as 5,000 worshippers gathered for mass at the Abu Sifin church.
📸 pic.twitter.com/PWmC7mu5Ic— Mete Sohtaoğlu (@metesohtaoglu) August 14, 2022