четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Се омажи најмладата добитничка на Нобелова награда Малала Јусафзаи, на 15 години преживеа и ат*нтат

ФОТО: Се омажи најмладата добитничка на Нобелова награда Малала Јусафзаи, на 15 години преживеа и ат*нтат

Добитничката на Нобеловата награда за мир и активистка за човековите права, Малала Јусафзаи (24) објави дека се омажила за партнерот Асер Малик на скромна церемонија во Бирмингем.

-Денес е посебен ден во мојот живот. Асер и јас се обврзавме да бидеме партнери до крајот на животот. Возбудени сме што заедно ќе чекориме по патот кој е пред нас, напиша Јусафзаи.

Малала на 17 години стана најмладиот добитник на Нобелова награда од било која област, кога во 2014 година за подели наградата за мир до индиската активистка за правата на децата Кајлаш Сатирахи.

Јусафзаи е позната како борец за правото на образование и правата на жените, особено во деловите каде талибанците забраниле девојчињата да одат на училиште. На 9 октомври 2012 година над неа е извршен атентат, кога напаѓачот влегол во училишниот автобус додека се враќала од училиште и ја застрелал со два куршуми во главата и вратот.

Одговорноста за нападот ја превземаа талибанците. По атентатот таа била во критична состојба, но откако малку и се подобрила здравствената состојба била пренесена во Бирмингем на понатамошно лекување.