петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Се урна авион по полетувањето од аеродром во Јужен Судан

ФОТО: Се урна авион по полетувањето од аеродром во Јужен Судан

Товарен авион се урна кратко време по полетувањето од аеродромот во Џуба, главниот град на Јужен Судан.

Официјални лица стравуваат дека во несреќата загинале 17 лица.

Кур Куол, директор на меѓународниот аеродром „Џуба“, за Анадолија изјави дека во авионот, што и припаѓал на компанијата „South West Aviation“, а требало да лета кон северната држава Бахр ел Газал, имало осум лица.

-Осум лица беа во авионот и се уште немам детали за бројот на загинати во несреќата, рече Куол.

Очевидци за Анадолија изјавиле дека едно повредено лице било пренесено во болница и дека виделе шест тела на земјата.