петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Се урна кинеска вселенска лабораторија

Тиангонг-1 беше лансирана во 2011 година за да изврши експерименти во вселената
ФОТО: Се урна кинеска вселенска лабораторија

Кинеската непрофитна вселенска лабораторија Тиангонг-1 речиси се распаднала при влегувањето во атмосферата на Земјата, по што се урнала во јужниот Пацифик, се вели во кинеските и американските извештаи, јавува БиБиСи.

Тиангонг-1 беше лансирана во 2011 година за да изврши експерименти во вселената.

Таа беше дел од напорите на Кина за изградба на вселенска станица со екипаж во 2022. година,  но престана со работа во март 2016. година.

 

Според астрономот Џонатан Мекдоуел од Центарот за астрофизика на Харвард објави дека објектот се појавил северозападно од Тахити.

Експертите се обидуваа да предвидат точно каде лабораторијата ќе влезе во земјината атмосфера, а кинеската вселенска агенција погрешно предвиде дека тоа може да се случи во близина на Сао Паоло, Бразил.