понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Суспендирана новинарка која по смртта на Коби потсети дека бил обвинет за силување, на заканите кон неа нема крај

ФОТО: Суспендирана новинарка која по смртта на Коби потсети дека бил обвинет за силување, на заканите кон неа нема крај

Легендарниот кошаркар Коби Брајант кој загина во хеликоптерска несреќа покрај неверојатните успеси кои ги имаше, беше човек и кој јавно призна дека ја изневерува сопругата откако беше обелоденото дека е обвинет за силување на вработена во хотел.

На овој детал само неколку часа по неговата смрт потсети новинарката на Вашингтон Пост, Фелиција Сонмез споделувајќи текст од пред неколку години, по што на нејзина адреса пристигнале голем број закани.

-Па, ова навистина ги отвори очите. За оние 10.000 (буквално) кои коментираа, ми праќаа мејлови со навреди и закани дека ќе бидам убиена, ве молам да застанете и да ја прочитате оваа приказна. Напишана е пред повеќе од три години и не ја пишував јас. Секоја јавна личност би требало да биде запаметена во својата целовитост, напиша новинарката.

По ваквите објави на Твитер, Сонмез беше суспендирана од своето работно место.