петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Тажни сцени од Филипините, поплавите однесоа 45 животи, спасувачите извлекуваат жртви од вода и кал

ФОТО: Тажни сцени од Филипините, поплавите однесоа 45 животи, спасувачите извлекуваат жртви од вода и кал

Најмалку 45 лица ги загубија животите во тропската бура Налга на Филипините, која предизвика поплави и лизгање на земјиштето во јужните провинции, соопшти денеска Агенцијата за управување со катастрофи на земјата.

Првично беше објавено дека животот го загубиле 72 лица, но агенцијата го коригирала првичниот извештај и навела дека бројот на загинати е помал, но дека 18 лица се водат за исчезнати, пренесе Ројтерс.

Тропската бура, со максимални ветрови со брзина од 95 километри на час, со удари до 160 километри на час, рано утринава ја погоди источната провинција Катандуанес.

Бурата донесе обилни врнежи и дождови во главниот град на провинцијата, како и во окружните провинции, а потоа продолжи преку главниот остров Лузон и се упати кон Јужното Кинеско Море, соопшти државната метеоролошка служба.

Во петокот, спасувачките тимови извлекоа тела од водата и насобраната кал, откако бурата Налга донесе поплави и лизгање на земјиштето. Извлечени се 11 тела, меѓу кои и деца. Повеќе од 7.000 луѓе се евакуирани од патеката на невремето како мерка на претпазливост, соопшти владината агенција за АП.

– Сега ги собираме сите спасувачки тимови и ќе одржиме состанок пред да распоредиме луѓе. Во Магуинданао повеќе не врне, така што ќе ни ја олесни работата, рече претставникот на агенцијата за катастрофи Насрула Имам.

Годишно, Филипините ги погодуваат во просек по 20 тропски бури.