Данскиот милијардер Андерс Холф Повлсен (46) објави дека три од неговите четири деца загинале во терористичките напади на Шри Ланка.
Данскиот милијардер е сопственик на меѓународниот синџир за трговија со облека Бестселер, кој ги опфаќа модните марки „Веро Мода“ и „Џек енд Џонс“, најголем акционер во британската онлајн компанија АСОС и втор најголем акционер во германската онлајн компанија „Заландо“.
Една од ќерките на Повлсен, Алма Сторм Холф Повлсен пред неколку дена на Инстаграм објавила фотографија со своите сести Астрид, Агнес и Алфред на Шри Ланка. Не е познато кои девојчиња загинале.
Според Форбс од 2018 година, Повлсен е најбогатиот Данец на светот со 7,9 милијарди американски долари. Тој е сопственик на 89 илјади хектари земјиште во Шкотска, со што е најголемиот сопственик на земјиште во таа земја, пренесува „Јутарњи лист“.