Пингвин во Зоолошката градина во Сан Диего, Калифорнија, САД, си доби ортопедски чевли, заради олеснување на симптомите од дегенеративна болест на екстремитетите.
Пингвинот Лукас, кој е четири години стар, има проблеми со нозете поради пододерматитис – хронична болест, честа кај птиците… Ако не се лекува, болеста може да доведе до сепса и смрт, според соопштението на Алијансата за диви животни во Сан Диего.
Зоолошката се обрати и до организација што развива производи за рехабилитација за животни со посебни потреби за помош. Така беа создадени обувки од ортопедскиот материјал неопрен и гума што треба да го олеснат одењето на Лукас.