Шошана Овиц, една од преживеаните Евреи од Аушвиц, го прослави својот 104. роденден на Ѕидот на плачот во Ерусалим, заедно со речиси 400 свои потомци и роднини.
Како што соопшти израелската Амбасада во Берлин Овиц како роденденски подарок посакала да се соберат сите нејзини деца, внуци и правнуци кај Ѕидот.
„Дојдоа скоро сите”, се наведува во објава на Твитер-профилот на Амбасадата.
По Втората светска војна, додека ги барала своите роднини по светот, Овиц го запознала и идниот сопруг, кој пак, во Холокаустот ги изгубил сопругата и четири деца. Се венчале и првото дете го добиле во бегалски камп во Австрија. Подцна се преселиле во Израел каде што имале уште четири деца.