четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Фотографија на Ким Џонг Ун со девојчиња што плачат ја разбранува светската јавност

Фотографија на Ким Џонг Ун со девојчиња што плачат ја разбранува светската јавност

Фотографија на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун со девојчиња што плачат денеска ја разбранува светската јавност и медиумите.

Севернокорејскиот лидер го посетил Дворецот на учениците во Пјонгјанг, каде локалните медиуми го фотографирале. На една од фотографиите се гледа како Ким седи на столица, со рацете прекрстени на градите. Околу него има девојчиња во гимнастичарска облека и речиси сите плачат.

Околу него има најмалку 30 деца и ниту едно не се смее.

Севернокорејските медиуми соопштија дека тоа е реакција на ученичките на посетата на високиот функционер кој „кај нив предизвикува голема почит“.