сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Франција ја повика Русија да ги поддржи напорите за мир во Сирија

Франција ја повика Русија да ги поддржи напорите за мир во Сирија

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив ле Дријан ја повика Русија да ги поддржи меѓунардоните напори за изнаоѓање политичко решение за конфликтот во Сирија.

– Треба со здружени напори да го поддржиме политичкиот процес во Сирија, кој ќе овозможи обезбедување излез од крозата, изјави Ле Дријан во интервју за денешниот број на весникот, „Журнал ди Диманш“, само еден ден по вчерашните напади на САД, Франција и Велика Британија врз цели во Сирија.

Ле Дријан нагласи и дека Франција ги продолжила редовните контакти и разговори со Русија дури и по зголемувањето на тензиите меѓу Москва и западните земји.

Францускиот претседател Емануел Макрон во петокот телефонски разговараше со својот руски колега Владимир Путин за состојбата во Сирија, само неколу часа пред нападите на трите западни земји врз објекти на сириските владини сили.

МИА