недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Француската телевизија Канал плус ќе отпушти речиси 500 вработени

Француската телевизија Канал плус ќе отпушти речиси 500 вработени

Француската телевизијата Канал плус специјализирана за филмови и спортски настани најави намалување на бројот на вработените „на доброволна основа“, што може да доведе до заминување до 492 лица, јави дописникот на МИА.

Во соопштението од телевизијата се наведува дека „Канал плус има намера да го фаворизира гласот на социјалниот дијалог со цел да ги идентификува, во консултација со социјалните партнери, најсоодветните и одржливи решенија за поддршка. Наскоро ќе почнат преговори за да се дефинираат условите на планот за доброволно заминување“.

Ова е најголемиот план за намалување на бројот на вработените, со кој се соочува Канал плус од неговото создавање. Управата за отказите се правда со конкуренцијата од Нетфликс и Амазон во однос на сериите и филмовите, што ќе се зголеми со доаѓањето на Дизни плус.

Канал плус и покрај тоа што ги намали цените за претплата, сепак бележи пад на претплатниците. Така во 2018 година изгуби речиси 300.000 од вкупно 4,7 милиони претплатници.

Канал плус е еден од главните финансиери на француската кинематографија. (МИА)