понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Француски државен секретар: Да се избегне целосно затворање на границите во рамките на Европа и Шенген зоната

Француски државен секретар: Да се избегне целосно затворање на границите во рамките на Европа и Шенген зоната

Францускиот државен секретар за европски прашања Клемен Боне смета дека треба да се избегне целосно затворање на границите колку што е можно повеќе во рамките на Европа и Шенген зоната.

Боне смета дека Франција ќе избегне целосни забрани за патување во европски земји, но дека ќе обезбеди советодавни услуги за патувања во региони, каде има обновено зголемување на бројот на случаи на новиот коронавирус.

-Ние се обидуваме да ги лоцираме жариштата, без воведување непропорционални мерки, изјави тој за Франс Интер.

Како пример, Боне ги наведе „силните препораки“ дадени од француските власти против патувањето во Каталонија, каде повторно има пораст на бројот на заразени.

-Но, тоа не е мерка што се применува во цела Шпанија, нагласи Боне.

Ова е во спротивност со пристапот на британската Влада, која воведе задолжителен целосен карантин за сите патници кои се враќаат од Шпанија, објави Политико.