петок, 1. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Француски експерти ќе помагаат во декодирање на црните кутии во истрагата за урнатиот авион во Иран

Француски експерти ќе помагаат во декодирање на црните кутии во истрагата за урнатиот авион во Иран

Украинскиот претседател Володомир Зеленски и неговиот француски колега Емануел Макрон денеска се согласија француски експерти да помогнат во декодирање на црните кутии од соборениот украински авион во Иран.

Ова било договорено во телефонскиот разговор меѓу двајцата претседатели, информираат од кабинетот на Зеленски.

Макрон на својот украински колега му кажал дека Франција ја почнала формалната постапка за отпочнување меѓународна истрага за несреќата, пренесуваат британските медиуми.

Во соопштението се додава дека Макрон ја прифатил поканата да го посети Киев.