Францускиот министер за финансии Бруно ЛеМер ја повика Русија да не присуствува на состаноците на земјите од групата Г20.
-Бараме Русија веднаш да ги прекине воените дејствија и бараме да не доаѓа на состаноците на Г20. Војната е некомпатибилна со меѓународната соработка, нагласи Лемер за време на онлајн средбата со колегите од Г20.
Тој ја напушти средбата пред да обраќањето на рускиот министер. (МИА)