среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Францускиот Парламент го усвои продолжувањето на контроверзните мерки на антитерористичкиот закон „Силт“

Францускиот Парламент го усвои продолжувањето на контроверзните мерки на антитерористичкиот закон „Силт“

Францускиот Парламент го усвои продолжувањето до крајот на јули 2021 година на контроверзните мерки на антитерористичкиот закон познат како „Силт“ од 2017 година, по последното гласање на Националното собрание, јави дописникот на МИА.

Со други зборови, антитерористичките мерки ќе продолжат да важат и понатаму. Како „домашни посети“, индивидуални мерки за контрола, воспоставување на безбедносни периметри и затворање на места за богослужба: овие мерки, се осудувани веќе три години, од бранителите на граѓанските слободи, кои сметаат дека тие се директно инспирирани од вонредната состојба.

Овој исклучителен режим беше спроведен вечерта на нападите од 13 ноември 2015 година и се до усвојувањето на законот за внатрешна безбедност и борба против тероризмот (Силт) од тогашниот министер за внатрешни работи Жерард Коломб во 2017 година.