Францускиот премиер Едуард Филип денеска изјави дека претседателот Емануел Макрон одлучил „да ја зголеми воената мобилизација” во рамки на операцијата „Стражар“ (Сентинел), еден ден по смртоносниот напад во Стразбур.
„Стражар“ е безбедносна операција која започна по нападот во Париз во 2015 година, во рамки на која 10.000 војници и 4.700 полицајци и жандарми обезбедуваат чувствителни локации од терористички напади.
– Станува збор за околу 500 војници кои од денеска се вклучени во операцијата и 1.300 , кои ќе се придружат во наредните денови, веќе се ангажирани во обезбедувањето и гарантирањето на безбедноста на Французите, рече Филип.
Тој изјави дека целта е „обезбедување на мастата на јавни собири“, првенствено на божиќните саеми низ целата земја.