Индустриското производство во Франција падна за 20,1 отсто во април споредба со март, откако веќе изгуби 16,2 отсто во март.
Тоа се должи на запирањето на економските активности поради епидемијата со коронавирусот, јави дописникот на МИА.
Најпогодено е производството во автомобилскиот сектор, каде падот е 88 отсто во април, откако веќе се намали за 45,1 отсто претходниот месец, соопшти Националниот институт за статистика.