Научничките Емануела Шарпентје од Франција и Џенифер Дудна од САД денеска ја добија Нобеловата награда за хемија, за развој на методи за промена на геном.
– Емануела Шарпентје и Џенифер Дудна ја направија една од најголемите алатки во генетската технологија, а тоа се генетските ножици KRISPR / Cas9 (CRISPR / Cas9)“, објави Шведската кралска академија на науките.
Тие две ќе добијат награда од 1,1 милиони долари.
– Оваа технологија, која има револуционерно значење за науката, придонесува за нови терапии во борбата против ракот. Сега сонот за целосно лекување на наследни болести е многу близу, оцени Кралската академија на науките на Шведска.