среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Француската министерка Колона во посета на Одеса

Француската министерка Колона во посета на Одеса

Француската министерка за надворешни работи Катрин Колона денеска пристигна во Одеса, на југозападот на Украина, со цел да ја изрази поддршката на Франција за Украина пред првата годишнина од руската инвазија.

„Во Одеса! За да ја одбележиме поддршката на Франција за суверенитетот на Украина, сега како и досега“, напиша Колона на Твитер.

На денот на посетата на француската министерка, две клучни енергетски локации во регионот на Одеса беа оштетени во новото гранатирање на руските сили.