четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Францускaтa премиерка Борн ги повика синдикатите на разговори

Францускaтa премиерка Борн ги повика синдикатите на разговори

Француската премиерка Елизабет Борн ги повика синдикатите на билатерални состаноци на 16 и 17 мај, додека Владата сака да помине на други прашања освен крајно непопуларната пензиска реформа, соопшти денеска нејзиниот кабинет.

Законот за пензиската реформа кој претседателот Емануел Макрон го потпиша минатиот месец и покрај неколкунеделните протести и штрајкови, го искристализираше незадоволството против претседателот кој многумина го сметаат за резервиран и рамнодушен кон нивните секојдневни проблеми.

Владата на Макрон, која нема мнозинство во Парламентот, го протурка законот за пензиите без конечно гласање, бидејќи недостигаше меѓупартиска поддршка.

Синдикатите рекоа дека ќе ги искористат претстојните разговори за да го потврдат своето противење на пензиските реформи и да работат на заеднички предлози за подобрување на условите за работа. Исто така тие најавија и нов ден на национални протести против реформите на 6 јуни.